Објавено на:

„Епл“ стана првата компанија чија вредност надмина 3 трилиони долари

t

Американскиот технолошки гигант „Епл“ стана „првата компанија чија вредност на берзата надмина 3 трилиони долари“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Вредноста на акциите на „Епл“, чии акции се зголемија повеќе од 3 пати од 2020 година, кога започна епидемијата на Ковид-19, од понеделник порасна за околу 3 отсто.

На првиот трговски ден од оваа година, цената на акциите на компанијата се искачија на 182,88 долари.

Пазарната капитализација на компанијата достигна 3 трилиони долари во текот на денот.

Со тоа, „Епл“ стана „првата компанија чија пазарна вредност надмина 3 трилиони долари“.

Следуваат „Мајкрософт“ со пазарна капитализација од 2,5 трилиони долари и „Алфабет“, со пазарна вредност од 1,9 трилиони долари.

Пазарната вредност на „Епл“ за првпат достигна 1 трилион долари на 2 август 2018 година, додека вредноста од 2 трилиони долари ја достигна на 19 август 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев ја тестира цела Европа: По ветото…

Бугарија и Унгарија ставија заедничко вето на…

Мерц: Ги поддржувам украинските напади врз руските…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ја поддржа…

ФФМ: Поведена дисциплинска постапка против Башкими, Муарем…

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија…

Нова жртва од западнонилска треска, бројот на…

Уште едно лице почина од западнонилска треска.…

Таткото на Ива со навреди кон Македонците…

Осудениот криминалец, Симеон Михаилов, татко на избеганата…