Новинарка на N1 спречена да влезе во простории на СНС каде што наводно се вршат притисоци врз гласачите

t

Новинарка на телевизијата N1 ги посети просториите на улицата Скадарска број 51, откако граѓани пријавиле дека на таа адреса се наоѓа кол-центар на Српската напредна партија (СНС). Граѓаните се сомневаат дека од ова место се вршат притисоци врз гласачите.

Екипата на N1 се обидела да влезе во просториите и да го документира она што се случува, но не ѝ било дозволено.

Како што се гледа на снимката, лица облечени во црно го блокирале влезот, а потоа ги спуштиле ролетните за да ја спречат камерата да ја сними внатрешноста. Сепак, пред да бидат спуштени ролетните, камерата успеала да сними дека присутните имале списоци, додека новинарката забележала дека се вршат телефонски повици.

ЛИНК до видеото и целата вест на Н1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новинарка на N1 спречена да влезе во…

Новинарка на телевизијата N1 ги посети просториите…

Излезеноста во Србија до 11 часот е…

Според процената на ИПСОС и ЦеСИД, врз…

ПОВЕЌЕ ОД 70 ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО СРБИЈА:…

Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД)…

(Видео) Маскирани лица влегоа во кол-центар на…

Српските медиуми објавија дека во кол-центар на…

(Фото) Вучиќ чека во ред за да…

Во Србија во 7 часот почнаа вонредните…