Објавено на:

Ердоган: Сребреница е предупредување за човештвото, Газа покажува дека лекцијата не е научена

t

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во саботата, по повод 31-годишнината од геноцидот во Сребреница, изјави дека ова злосторство останува една од најсрамните епизоди во модерната историја и предупреди дека меѓународната заедница не ги научила сите потребни лекции.

Во пораката прочитана на комеморацијата од страна на министерката за семејство и социјална помош на Турција, Махинур Оздемир Гокташ, Ердоган изрази сочувство до семејствата на жртвите и нагласи дека обемот на геноцидот се потврдува со континуирани напори за идентификување и погребување на убиените.

Повикувајќи се на зборовите на Алија Изетбеговиќ дека геноцидот не смее да се заборави, Ердоган истакна дека Турција работи на зајакнување на свеста за Сребреница на меѓународно ниво, вклучително и иницијативи во Обединетите нации за одбележување на 11 јули како ден на сеќавање.

Тој нагласи дека целта на овие активности е да се спречи повторување на слични злосторства, но предупреди дека настаните во Газа покажуваат дека светот сè уште не ги научил лекциите од Сребреница.

„Злосторството во Газа, кое одзеде животи на 73.000 невини луѓе, претежно деца и жени, покажува дека меѓународната заедница, за жал, сè уште не ги научила потребните лекции од Сребреница“, рече турскиот претседател и додаде:

„За поправеден свет и поодговорна меѓународна заедница каде што ниту еден криминалец не се осмелува да ги таргетира цивилите, ќе продолжиме со нашите интензивни напори под мотото „Светот е поголем од пет““.

Ердоган го осуди негирањето на геноцидот, глорификацијата на злосторствата и нападите врз повратниците во Босна и Херцеговина, повикувајќи ја меѓународната заедница на порешителна реакција.

Тој истакна дека мирот и стабилноста на Балканот зависат од стабилноста на Босна и Херцеговина, како и дека мирот во Европа зависи од стабилноста на Балканот. Тој рече дека Турција ќе продолжи да дава силна поддршка за нејзиниот територијален интегритет, суверенитет и уставен поредок.

„Ќе продолжиме да вложуваме напори за зајакнување на дијалогот и помирувањето, за да може Босна и Херцеговина да постигне попросперитетна иднина“, рече Ердоган.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Сребреница е предупредување за човештвото, Газа…

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во…

Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање…

По повод 11 Јули – Меѓународниот ден…

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви…

На денешен ден, 30 години по трагедијата…

Комеморација во Поточари за 30-годишнината од геноцидот…

Во Меморијален центар Сребреница во Поточари, БиХ,…