Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница
На денешен ден, 30 години по трагедијата во Сребреница, оддаваме почит на сите невини жртви и изразуваме солидарност со нивните семејства. Овој геноцид останува траен потсетник на обврската за зачувување на мирот, човековите права и достоинството на секоја личност, соопшти Владата.
Владата порачува да учиме од минатото и да создаваме иднина во која таквите трагедии никогаш нема да се повторат.
-Во овие моменти на сеќавање, со пиетет се присетуваме и на сите други народи кои во различни времиња биле погодени од страдања, прогони и неправди, меѓу кои и македонскиот народ, кој во 20 век ги почувствува последиците од политичко насилство и егзодус, наведува Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…
Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…
Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…
Владата излезе со јасен став во врска…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…
Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…
Владата го демантира СДСМ: Шише вода од…
Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно…