Естонија на 1 декември ќе ја затвори границата со Русија

t

По синоќешниот обид за саботажа во естонската фабрика за производство за беспилотни летала „Треод системс“ (Threod Systems), министерот за надворешни работи на Естонија, Маргус Цахкна најави дека Талин на 1 декември ќе ги затвори сите гранични премини со Русија.

Во Естонија синоќа се приведени осум луѓе под сомнение дека по нарачка на руската воено разузнавачка служба (ГРУ) се обиделе да подметнат пожар во фабриката за дронови.

– Русија мора да сфати дека непријателските постапки кон Естонија имаат последици, објави Цахкна на платформата Икс без да прецизира колку долго ќе бидат затворени граничните премини со Русија.

Москва се уште не ги коментирала наводите за нејзина вмешаност во саботажата и затворањето на граничните премини.

Русија постојано ги негира обвинувањата од европските власти за нејзина вмешаност во саботажите.

Естонија, која е членка на НАТО и на Европската унија во моментот има отворени три гранични премини со Русија – Нарва, Лухама и Коидула преку кои е дозволено само пешки преминување и транспорт на стока.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Естонија на 1 декември ќе ја затвори…

По синоќешниот обид за саботажа во естонската…

ОН: До 2100 година Македонија може да…

Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…

Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…

(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…

Мајката на момчето кое што е осомничено…

Поранешен косовски министер уапсен во акција против…

Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…