Поранешен косовски министер уапсен во акција против трговија со дрога во Приштина, запленет кокаин вреден 111.000 евра

t

Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина под сомнение дека биле дел од организирана група за трговија со дрога. Меѓу приведените е и Астрит Хараќија, поранешен министер за култура на Косово, објавија медиумите.

Полициската акција била спроведена по долготрајна истрага, а според полицијата, групата имала разработена хиерархиска структура – од организатори до улични дилери. Претреси биле извршени на повеќе локации, при што биле уапсени шестмина осомничени. Против уште едно лице ќе биде поведена редовна кривична постапка.

На сите уапсени им е одреден притвор до 48 часа.

Запленети кокаин, оружје и луксузни автомобили

Во акцијата биле запленети околу 1,6 килограми кокаин, чија улична вредност се проценува на 111.000 евра, како и марихуана, таблети екстази и други супстанции чиј состав сè уште не е утврден.

Полицијата одзела и шест луксузни автомобили, скапи часовници, накит, мобилни телефони, електронска опрема, уреди за надзор и околу 16.000 евра во готовина. На локациите биле пронајдени и огнено оружје, муниција, ножеви и опрема за пакување дрога.

Вкупната вредност на запленетата дрога и имот се проценува на околу 301.000 евра.

Апсењето на Хараќија го потврдил и неговиот адвокат, пренесе косовскиот медиум „Коха“. Тој беше министер за култура од 2004 до 2007 година, во владата на Рамуш Харадинај, а во 2012 година беше и заменик-министер за финансии во владата на Хашим Тачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешен косовски министер уапсен во акција против…

Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…

Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…

Илон Маск се приклучи на сè погласните…

Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…

Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…

(Фото) Ја тепал во автомобил додека не…

Охридската полиција утрово привела 31-годишен маж по…

УАПСЕНИ 11 ВОЗАЧИ: Возеле пијани и без…

МВР соопшти дека 11 возачи се лишени…