ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг со Западен Балкан: Повиците и интернетот без дополнителни трошоци сè поблиску
Европската комисија ги започна преговорите со Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Албанија за нивно вклучување во европскиот режим „Роаминг како дома“. Со тоа, на граѓаните кои патуваат меѓу Европската Унија и Западен Балкан би им било овозможено да користат мобилни повици, СМС-пораки и интернет без дополнителни трошоци за роаминг.
Од Европската комисија соопштија дека преговорите се започнати одделно со секоја од земјите, согласно планот што претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, го најави за време на посетата на Западен Балкан во октомври 2026 година.
За земјите од регионот да станат дел од европската зона на бесплатен роаминг, потребно е да се склучат соодветни договори и целосно да се усогласат националните прописи со правилата на ЕУ за роаминг. Тие правила го уредуваат начинот на кој телекомуникациските оператори ги наплатуваат услугите кога корисниците ги користат мобилните телефони во странство.
Откако ќе бидат исполнети овие услови, Европската комисија ќе побара од Советот на Европската Унија да донесе одлука за проширување на европскиот режим на роаминг и на земјите од Западен Балкан, се наведува во синоќа објавеното соопштение.
Доколку процесот биде успешно завршен, граѓаните на шесте земји од Западен Балкан ќе можат да ги користат мобилните услуги во земјите членки на ЕУ под исти услови како граѓаните на Унијата, а европските граѓани ќе имаат исти поволности при престојот во регионот.
Советот на ЕУ во јуни 2026 година го одобри отворањето преговори за проширување на европскиот систем за роаминг и на партнерите од Западен Балкан.
Евентуалните договори ќе се засноваат на постојните спогодби за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и земјите од регионот, кои претставуваат рамка за зајакнување на стабилноста, економската интеграција и соработката со Унијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…
Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…
Фон дер Лајен: Украина мора да преговара…
Европската комисија, и покрај повиците да ѝ…
Мелони предупредува: Европа ризикува да остане без…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони предупреди дека Европската…