Урсула фон дер Лајен следната недела во Варна на средба со бугарскиот премиер
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, следниот вторник ќе ја посети Варна, каде што ќе се сретне со бугарскиот премиер Румен Радев и ќе го посети Високото воено-морнаричко училиште „Никола Вапцаров“.
Посетата ја најави портпарол на Европската комисија, при претставувањето на неделната агенда на претседателката. Според најавата, Фон дер Лајен ќе престојува во регионот на Црното Море, а нејзината програма ќе започне во понеделник со посета на Букурешт.
Во романската престолнина таа ќе разговара со претседателот Никушор Дан и премиерот Лука Никулеску.
Во среда, Фон дер Лајен ќе учествува на конференција на Обединетите нации за климатските промени, која ќе се одржи во Турција, јавува бугарската новинска агенција БТА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15 девојчиња помали од 15 години лани…
Бугарската јавност беше шокирана од веста дека…
Пленковиќ ѝ постави услов на Црна Гора:…
Црна Гора нема да ги затвори преговорите…
Ќучук не знае или намерно шири дезинформации…
Случајот со Ива Михајлова повторно го отвори…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Бугарија испраќа 15 бугарски војници во Турција…
Владата на Румен Радев одобри испраќање до…