ЕУ: Украина има законко право да се брани
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи го нападот на украинските сили врз регионот Курск во Русија, изјави дека според меѓународното право, Украина „има законско право да се брани, вклучително и со удари против агресорот на нејзина територија“.
„ЕУ продолжува целосно да го поддржува легитимното право на Украина да се брани од руската агресија и нејзините напори да ги врати суверенитетот и територијалниот интегритет“, изјавил тој за украинскиот медиум „Суспилни“.
Москва објави дека украинските сили се обиделе да окупираат дел од територијата на Курската област, а началникот на Генералштабот на вооружените сили на Русија, Валериј Герасимов соопштил дека напредувањето на вооружените сили на Украина во правец на Курск е запрено.
Во Курската област беше воведена вонредна состојба по нападот на украинските сили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…
Како членките на ЕУ им помагаат на…
Податоците на Евростат велат дека во 2021…
Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…