ЕУ ја избриша Македонија од „црната листа“ на даночни раеви

t

Македонија е избришана од т.н. „црна листа“ даночни раеви на Европската унија.

Од листата се тргнати и Барбадос, Јамајка и Уругвај.

Брисел, како што обајви Еуроњуз, оценил дека Македонија, Барбадос, Јамајка и Уругвај ги спровеле потребните чекори и ги исполниле критериумите за бришење од листата.

На „црниот список“ на ЕУ се додадени 16 земји, меѓу кои и Русија.

„Црната листа“ даночни раеви на ЕУ почна да се применува од 2017 година, а се ажурира двапати годишно.

Брисел инсистира на тоа дека нејзиното јавно објавување не е за да се „оцрнат“ земјите кои се на неа, туку да се охрабрат позитивни промени во даночните практики преку соработка и континуиран дијалог.

Земјите ширум светот се оценуваат според три клучни критериуми: даночна транспарентност, правично оданочување и мерки за справување со ерозијата и префрлањето на профитот од страна на мултинационалните компании.

Од оние земји кои не ги исполнуваат критериумите се бара да направат измени во нивното законодавство. Доколку одбијат да го сторат тоа, ЕУ може да ги додаде на списокот, кој не го користи терминот „даночен рај“ туку „некооперативни јурисдикции“.

Ставањето на „црната листа“ не повлекува никакви последици или санкции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот на Онтарио му се потсмева на…

Премиерот на Онтарио, Даг Форд, еден од…

Ајзенкот најавува влада за национална спас: Израелците…

Гади Ајзенкот порача дека израелските граѓани гласале…

НЕТАНЈАХУ СО ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Радикалниот ислам ја…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати драматично предупредување…

Клековски: Има отпор на Клиниката за онкологија…

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска истакна…

Се деконтаминира „Вардариште“ за осум месеци ќе…

Процесот на „одгасување“ на поранешната депонија „Вардариште“…