„Завршува времето кога голтари влегуваа во политика, а излегуваа милионери- нема да штитам никој кој направил криминaл“

t

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва гостуваше на телевизија Канал 5 во емисијата „Само Интервју„ каде меѓудругото одговори и потенцира дека тој е и ќе биде првиот кој ќе се заложи да ги снема од политичката сцена сите оние политичари за кои има сомненија дека се богатат на грбот на граѓаните без разлика дали тие се од ВМРО-ДПМНЕ или од било која друга партија.

-И кај мене во партијата, во ВМРО-ДПМНЕ ако се појави било какво девијантно однесување во таа насока, јас ќе бидам првиот кој што ќе се заложи тоа да биде отстрането, без разлика дали е на локално или на централно ниво а не пак ДУИ да го прави тоа, јас некого не штитам, никого не амнестирам, рече Мицкоски.

Тој додаде и дека модерните политичари се луѓе кои работат чесно и отчетно и транспарентно за народот

-Модерните политичари се луѓе кои работат чесно и отчетно и транспарентно за народот. Не може веќе да имаме политичари бизнисмени, заврши тоа време кога влегуваа голтари во политика а излегуваа милионери, тоа народот го препознава, такви примери има многу во сите партии а не само во една или во друга. И тука немојте да мислите дека јас ќе имам компромис со таа работа. Мораме на граѓаните да има вратиме довербата во системот, во институциите. И тука да немате дилема, затоа што денеска граѓаните се чувствуваат обесправени, се чувствуваат демотивирани затоа што практично се оставени без помошни, гледаат дека институциите не функционираат, дека нема владеење на право, дека има многу корупција и криминал. Дневно разговарам со неколку бизнисмени кои што доаѓаат и ги кажуваат процентите во различни институции кои што се приморани да ги плаќаат ако сакаат да добијат работа, порача Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ружин: СДСМ останува голема партија, таа е…

„СДСМ и натаму останува голема партија, таа…

Европска народна партија: ВМРО-ДПМНЕ доследно да го…

Манфред Вебер, претседателот на Европската народна партија…

Милошоски: Во новата влада најверојатно ќе учествуваат…

По вчерашното прегласување, речиси е познат новиот…

Мицкоски: Може да разговараме со некое ново…

„Не постојат такви црвени подруми. Мислам дека…

ВМРО-ДПМНЕ очекува нова влада до средина на…

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски кој…