Загина возач во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

t

Едно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајна несреќа на патот Кичево – Македонски Брод.

Според информациите на МВР, вчера во 20:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда“ управувано од Д.С.(75) од Кичево и патничко возило „хјундаи“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од А.С.(75) од с. Преглово, кичевско.

Од здобиените на местото на настанот починал возачот на патничкото возило „хјундаи“ А.С., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „мазда“, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило „хјундаи“, 15-годишен малолетник од с. Преглово, кичевско и А.А.(21) од с. Пласница, кичевско, констатирани во Медицински центар Кичево и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кичево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инкасатор од Свети Николе затаил 82.000 денари…

62-годишен вработен во „Комуналец“-Свети Николе ќе одговара…

Алармантни бројки: Осум случаи на семејно насилство…

Осум одделни случаи со елементи на семејно…

Жена нападната од синот и снаата

На 05.09.2026 во 14:20 часот во СВР…

Уапсени пет лица во Галичник, при претрес…

На 04.09.2026 во периодот од 19:20 до…

Драма во Пехчево: Маж седел со друга…

На 04.09.2026 во 10:59 часот во ОВР…