Пронајден починат 39-годишен струмичанец во дворот на битолската болница

t

Тело на 39-годишник од Струмица е пронајдено вчера во дворот на Клиничката болница во Битола, информираат од МВР.

Оттаму велат дека счучајот бил пријавен во СВР Битола вчера попладне околу 12:15 часот, откако било забележано телото на мажот во болничкиот двор.

Станува збор за Ј.И., чија смрт на местото ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Битола.

По пријавувањето на случајот, на местото пристигнала увидна екипа од СВР Битола, која извршила увид и ги презела потребните активности за документирање на настанот.

Со оглед на тоа што во овој момент не се познати причините и околностите под кои дошло до смртта, по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15-годишно момче донесено во болница без знаци…

15-годишно момче од Гостивар било донесено во…

Возач на тротинет удри во пензионерка во…

МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…

Кривична за двајца вработени во Брза помош…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…

Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…

МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…

Трактор излета од пат во Пехчево, загина…

Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…