Заменик-министерот за земјоделство Фљакрон Беџети поднесе оставка – му се приклучува на Таравари

t

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фљакрон Беџети денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. На неговиот фејсбук-профил објави дека оставката ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски.

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фљакрон Беџети во оставка / Фото: Принтскрин
Посочи дека изминатите 10 месеци ги посветил на работа во интерес на земјоделците и граѓаните и дека својата должност ја извршувал со одговорност, транспарентност и гордост.

„Благодарност до премиерот, министерот за земјоделство, владиниот кабинет, моите колеги и соработници за коректната соработка“, пишува на Фејсбук Беџети.

Упати благодарност и до лидерот Арбен Таравари и партијата Алијанса за Албанците, потенцирајќи дека останува лојален на нив и преминува во опозиција заедно со нив.

„Верувам дека не разочарав никого и со чесен труд ја афирмирав партијата што ја претставувам“, вели тој.

Претходно, заменик-министерката за одбрана Елфете Исмаили поднесе оставка од функцијата и најави дека останува во партијата со Таравари.

Министерот за здравство, Арбен Таравари минатата недела ја напушти Владата и објави дека неговата Алијанса за Албанците оди во опозиција.

Неколку дена подоцна оставката од функцијата во здравство ја достави и до премиерот Христијан Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел им забрани на граѓаните да ја…

Израел им забрани на своите граѓани да…

Успешна евакуација на првата група македонски државјани…

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…

Додека на Блиски Исток се распоредуваат дополнителни…

Американскиот портал „Аксиос“ повикувајќи се на тројца…

ЗНАМ И ДПМНЕ ПОБЕГНАЛЕ ОД СЕДНИЦАТА! Успешен…

*Успешен третиот обид на Левица за надзорна…

Скопјанец со возило сакал да ја прегази…

Уште еден случај на семејно насилство во…