Заменик-министерот за земјоделство Фљакрон Беџети поднесе оставка – му се приклучува на Таравари
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фљакрон Беџети денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. На неговиот фејсбук-профил објави дека оставката ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски.
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фљакрон Беџети во оставка / Фото: Принтскрин
Посочи дека изминатите 10 месеци ги посветил на работа во интерес на земјоделците и граѓаните и дека својата должност ја извршувал со одговорност, транспарентност и гордост.
„Благодарност до премиерот, министерот за земјоделство, владиниот кабинет, моите колеги и соработници за коректната соработка“, пишува на Фејсбук Беџети.
Упати благодарност и до лидерот Арбен Таравари и партијата Алијанса за Албанците, потенцирајќи дека останува лојален на нив и преминува во опозиција заедно со нив.
„Верувам дека не разочарав никого и со чесен труд ја афирмирав партијата што ја претставувам“, вели тој.
Претходно, заменик-министерката за одбрана Елфете Исмаили поднесе оставка од функцијата и најави дека останува во партијата со Таравари.
Министерот за здравство, Арбен Таравари минатата недела ја напушти Владата и објави дека неговата Алијанса за Албанците оди во опозиција.
Неколку дена подоцна оставката од функцијата во здравство ја достави и до премиерот Христијан Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најавени исклучувања на повеќе места: Проверете дали…
Поради планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа,…
Руте: НАТО ќе остане обединет и силен…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
Берлин не сака АфД да добие пристап…
Германското Министерство за одбрана ја разгледува можноста…
47-годишен маж натепал 12-годишно дете во Гостивар
Полицијата во Гостивар поднесе кривична пријава против…
Ѓорѓиевски изврши увид во градежните активности на…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска се…
