Објавено на:

Започна битката за Донбас

t

Украинскиот претседател Зеленски го потврди почетокот на руската офанзива во источна Украина. Трупите на Кремљ, според локалните власти, веќе прават први напредоци.

Руските трупи, како што потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски, вчера ја започнаа очекуваната голема офанзива во источниот дел од земјата. Во видео порака Зеленски синоќа изјави: „Можеме да кажеме дека руските трупи ја започнаа битката за Донбас, за која долго се подготвуваа. Во неа учествува голем дел од руската војска. Сеедно кои трупи ќе бидат пренесени таму, ние ќе се бориме и ќе се браниме. Тоа ќе го правиме секој ден.“

Заземено гратчето Кремина, мртви и повредени во Харков

Руските трупи, како што велат украински извори, напаѓаат на фронт широк преку 480 километри. Секретарот на националниот безбедносен совет на Украина, Олексиј Данилов изјави: „Окупаторите се обидуваат да ја пробијат нашата одбрана. За среќа, нашата војска се држи, тие поминаа само два града – Кремина и едно помало место.“

Во нападите врз источноукраинскиот град Харков, тврдат украинските локални власти, загинале три лица а 15 се ранети, меѓу кои и 14-годишно дете. „Гранати паѓаа директно врз куќите, врз детски игралишта и во близина на места за пружање помош“, соопшти гувернерот на областа. Олех Суњехубов. Наводите засега не можат да се проверат од независен извор. За ракетирање се јавува и од Миколајев.

Пентагон: Русија ја засилува војската во источниот и во јужниот дел од Украина

И според информациите на Министерството за одбрана на САД, Русија значително ги засилува своите трупи на исток и на југ. Во изминатите денови таму се пренесени повеќе од десет т.н. борбени единици, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. Руската авијација освен тоа засилено врши напади врз Донбас и пристанишниот град Мариупол. Кирби истовремено зборуваше за „хронични тешкотии“ на руските трупи во областа на логистика, комуникација, оперативни маневри, како и соработка на воздушните и копнените трупи. „Останува да се сочека дали ќе ги совладаат овие проблеми и дали се во состојба поефикасно да дејствуваат во Донбас“, истакна портпаролот на Пентагон.

Русија ги бомбардира последните останати Украинци во Мариупол

Според украински наводи, руските трупи започнале да го бомбардираат со антибункерски орудија последниот бастион на одбранбените сили во Мариупол. Командантот на ултранационалистичкиот полк Азов, Денис Прокопенко, во видео порака соопшти дека Русите користат тешки оружја, иако знаат дека во големиот комплекс на челичарницата Азовстал засолниште имаат и бројни цивили.

Русија проценува дека во челичарницата се имаат забарикадирано 2500 украински војници и околу 400 странски војници. Бранителите не одговорија на рускиот ултиматум да се предадат. Во тунелите на челичарницата, според украински извори, се засолнати и многу цивили, со оглед што најголем дел од градот, по повеќенеделно непрекинато руско бомбардирање, е во целосни урнатини. Досега цивилите не можеа да го напуштат Мариупол. Руската заменик премиерка Ирина Верешчук, истакна дека одбивањето на Русија да отвори безбедни хуманитарни коридори може да ја одведе на обвинителна клупа за воени злосторства. Русија пак тврди дека „неонаци-националистите“ од украинска страна го отежнуваат евакуирањето.

За Кремљ, освојувањето на Донбас е главна цел

Обраќањето на Зеленски се случи по вчерашните масивни руски бомбардирања на западноукраинскиот град Лавов и други градови. Истовремено е интензивиран маршот на руските трупи во источниот дел. Донбас, каде живеат главно луѓе кои зборуваат руски јазик, е индустриско јадро на источниот дел од Украина, во кој од Москва поддржуваните сепаратисти веќе осум години се борат против украинската војска. Тие таму прогласија две „независни“ републики, која Русија официјално ги призна по инвазијата врз Украина во февруари. Кремљ го прогласи освојувањето на Донбас за главна цел на војната, откако пропаднаа руските напади врз Киев.

Извор: Дојче Веле

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…

Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…

И по 23 години од случувањата на…