Заталкан куршум ранил жена во Драчево додека седела во својот двор

t

Скопјанка синоќа била ранета во рамото од заталкан куршум додека седела во својот двор во населбата Драчево, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, жената итно била однесена во болница каде било утврдено дека се работи за зрно од оружје.

„На 14 септември во 21:45 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Драчево е пријавено дека кај нив со повреда била донесена Ј.С (57) од Скопје. Според пријавеното, околу 20:40 часот, додека била во дворот од семејниот дом, почуствувала удар во рамото, а по извршениот преглед било констатирано дека повредата настанала од заталкано зрно од оружје“ соопшти МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заталкан куршум ранил жена во Драчево додека…

Скопјанка синоќа била ранета во рамото од…

Се санира мостот на Маркова Река, инвестицијата…

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта…

(Фото) Запален автомобил во Драчево

Рано утрово во Драчево е запален автомобил,…

Залутано зрно погоди малолетник во двор на…

Вчера во 19:45 часот во СВР Скопје,…

Булеварот „Борис Трајковски“ ќе биде завршен пред…

Продолжува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“, проект…