Затворена руската црква во Софија: Верници положија цвеќе пред заклучената капија

t

Верници вчера се собраа во дворот на затворената руска црква „Свети Никола Мирликијски Чудтоверец“ во Софија и на железната ограда пред храмот положија букети цвеќе. 

Малку порано во текот на денот стана јасно дека Руската црква во Софија „Свети Николај Мирликиски Чудтоворец“ ги затвора вратите поради протераните свештеници. Ова го соопшти Министерството за надворешни работи на Русија во врска со протерувањето на нејзиниот претседавач архимандрит Васијан и уште двајца функционери. 

На 21 септември свештениците од руската црковна мисија во Софија беа повикани во имигрантската служба на Бугарија со доставено барање да ја напуштат земјата во рок од 24 часа, бидејќи претставуваат закана за националната безбедност. 

Станува збор за игуменот на мисијата на Руската православна црква во Софија, архимандрит Васијан, секретарот на мисијата, протоереј Евгениј и вработен во храмот.Како што вчера стана јасно од зборовите на руската амбасадорка Елеонора Митрофанова, со автомобил биле однесени во нивните домови за да си ги соберат работите, а оттаму биле испратени на границата со Србија.

Васијан Змеев беше меѓу руските дипломати протерани од Македонија минатата недела. Тој е и висок свештеник на Московската патријаршија кој веќе неколку години живее и работи во Софија. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Страшно невреме во Бугарија и Романија,…

Две лица загинаа во невремето во Бугарија…

Софија доби нов градоначалник: Победи кандидатот на…

Кандидатот на „Продолжуваме со промените - Демократска…

Врховната рада усвои предлог-закон за забрана на…

Со 267 гласови „за“ и 15 „против“…

Затворена руската црква во Софија: Верници положија…

Верници вчера се собраа во дворот на…

“Паднаа” првите функционери во бугарското МВР по…

Министерот за внатрешни работи ќе подготви извештај…