Зајкова демантира дека оди во коалиција со ВМРОД-ДПМНЕ

t

Лидерката на ЛДП, Моника Зајкова демантира дека ќе се приклучи на парламентарното мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ со цел да стигнат до 61 пратеник и апсолутно мнозинство. За пишувањата на социјалните мрежи и кај одреден дел од медиумите, вели дека се „нарачки од партиски ботови“.

-Имаше такви кои агитираа и работеа против сопствената партија и денес прават повторно притисок. Нашата цел и насоченост во моментот е прегласувањето во ИЕ 5 каде има 3521 избирач. Големи шанси за мандат има и кандидатот од ЛДП, доколку неговата коалиција освои 110 гласови повеќе од сегашниот резултат, тогаш пратеник би станал Боби Мојсоски, а би отпаднал Исмаил Јахоски од ДУИ. Затоа и повикувам да се воздржат од шпекулации и во среда да се гласа за број 1, порачува Зајкова.

Додава дека како ЛДП сериозно разговараат во општинските организации и дека како и досега ќе бидат конструктивна партија која секогаш има свој став и препознатливост согласно либерално деморкатските вредности.

-Очекуваме и власта и опозицијата да не тераат гол популизам и да има заедништво кога се работи за подобар живот и просперитет на секој од нас како граѓанин, децидна е Зајкова.

Претседателката на ЛДП беше дел од Коалицијата за Европска Македонија и како коносител во ИЕ1 освои пратеничко место во следниот парламентарен состав.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера објави дека успешно консолидирале 61 пратеник, без дополнителни детали од каде ќе се присоединат потребните три, покрај автентичните 58 пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, освоени на изборите на 8-ми мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрин Ахмети го демантира Лефков: Ги извршиме…

Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ,…

(Видео) Мециновиќ до ДПМНЕ и ЗНАМ: Вие…

Реплика на пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ,…

Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…

Петровска за ВМРО-ДПМНЕ: Се обидуваат да ме…

ДПМНЕ да се опаметат, водат држава, а…

СДСМ: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува криминалците…

Постајно се случуваат пукања и криминални пресметки…