За влез во Грција, утрово се чека околу 1 час
АМСМ инфoрмира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини ГП Табановце за влез и излез од државата и на ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути до 1 час додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопската полиција удри по мотоциклистите: 262 казнети,…
Скопската полиција синоќа санкционирала 262 возачи во…
Најмалку 15 загинати и 130 повредени: руски…
Најмалку 15 лица загинаа, а 130 се…
„Обвинителството го спаси Филипче за модуларните болници,…
ВМРО-ДПМНЕ излезе со остри обвинувања кон Обвинителството…
Возовите ќе возат до 50 километри на…
Регионалниот центар за управување со кризи –…
За влез во Грција, утрово се чека…
АМСМ инфoрмира дека утрово сообраќајот на државните…