„Обвинителството го спаси Филипче за модуларните болници, Абази ја доработува задачата“: ВМРО-ДПМНЕ со тешки обвинувања

t

ВМРО-ДПМНЕ излезе со остри обвинувања кон Обвинителството и кон поранешниот министер за здравство Венко Филипче, порачувајќи дека предметот поврзан со модуларните болници и пожарот во Тетово бил со години држен во фиока, а сега, според партијата, завршува без утврдена одговорност за Филипче.

Во соопштението се наведува дека предмет бил оформен на 10 септември 2021 година, два дена по пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека предметот за 19-те модуларни болници прво бил кај Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска, а потоа и кај трета обвинителка, за на крајот, како што велат, Ислам Абази да заклучи дека нема основа за одговорност на Филипче.

Партијата тврди дека неговата одговорност произлегува од начинот на кој биле регулирани модуларните болници уште пред нивното поставување.

Според ВМРО-ДПМНЕ, со измени на Законот за градење, модуларните болници биле ставени во категоријата „урбана опрема“, а надлежноста за издавање одобрение за нивното поставување била префрлена на Министерството за здравство.

Од партијата дополнително тврдат дека објектите не биле запишани во катастар, немале владина одлука за трајно користење и немале одобрение за употреба согласно правилникот за простор, опрема и кадар.

„За овие околности постои документација во проектната единица на Министерството за здравство, која на 12.12.2023 година била предадена на Јавното обвинителство за организиран криминал“, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ остро ја напаѓа одлуката на Обвинителството, оценувајќи дека е недозволиво по трагедијата со 14 жртви да нема утврдена одговорност.

„Каков цинизам треба да поседувате за да заклучите дека за 14 лица кои ги изгубиле животите, а притоа немало никакво исполнување на технички стандарди и објект подигнат над бензинска станица, никој не е одговорен“, велат од партијата.

Во соопштението ВМРО-ДПМНЕ упатува и сериозни политички обвинувања на адреса на обвинителот Ислам Абази, тврдејќи дека тој постапува под влијание на СДСМ и ДУИ.

„Ова е буквално учебнички пример како СДС и ДУИ го контролираат Абази“, се наведува во реакцијата.

Партијата дополнително го обвинува Филипче дека како поранешен министер имал политичка и службена одговорност за низа скандали во здравството, а случајот со модуларните болници го квалификува како пример за злоупотреба на службена положба и овластувања.

Станува збор за политички обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението не се приложени судски одлуки со кои би била утврдена кривична одговорност на Филипче, ниту докази за тврдењето дека Обвинителството постапувало по партиски налог.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Обвинителството го спаси Филипче за модуларните болници,…

ВМРО-ДПМНЕ излезе со остри обвинувања кон Обвинителството…

Возовите ќе возат до 50 километри на…

Регионалниот центар за управување со кризи –…

За влез во Грција, утрово се чека…

АМСМ инфoрмира дека утрово сообраќајот на државните…

Девет активни пожари, огнот беснее на повеќе…

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани…

Сонце и пеколна жега, па невреме: Денеска…

Сончево и многу топло време со температури…