За чист Карпош: Агелер и Јакимовски бришеа антисемитски графити во Бардовци
Амбасадорката на САД Анџела Агелер и градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски земаа четка во раката и учествуваа во бришењето на навредливи графити по зградите во Карпош.
Во заедничка еколошка акција, Општина Карпош и Американската амбасада денеска го одбележаа Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот, 27 јануари.

Американската амбасада во Скопје информира дека соработува со Општина Карпош за чистење на паркот плоштад во населбата Бардовци и за отстранување антисемитски графити од ѕидовите на локална зграда. Над десетина членови на амбасадата се приклучија на иницијативата од вработен во амбасадата, за да се создаде средина ослободена од нетрпеливост и омраза.

Од Општината Карпош информираа дека и вработените од локалната самоуправа учествувале во акцијата за чистење на плоштадот во населбата Бардовци. Во оваа прилика беа отстранети и недолични графити од ѕидовите со антисемитска содржина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон: Со Трамп имавме многу конструктивен разговор…
Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека имал…
ЗАЛИВСКИТЕ ДРЖАВИ БАРААТ НОВ ДОГОВОР СО ИРАН
По повеќемесечната војна и серијата напади низ…
„Јас лично отепав седум стаорци“, вели жител…
Главниот град преполн со стаорци. Изминативе денови…
Нов Зеланд испрати два воени брода низ…
Два воени брода на Нов Зеланд поминаа…
ГОЛЕМИТЕ СИЛИ СЕ СОБИРААТ ВО ЊУЈОРК: ВОЈНИТЕ…
Њујорк оваа недела станува центар на глобалната…