За што бил телефонскиот разговор помеѓу Пендаровски и Радев?

t

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

Претседателот Пендаровски му честиташе на претседателот Радев за стапувањето на должноста и му посака успешен мандат.

Двајцата претседатели разговараа за најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави во светло на неодамнешната посета на претседателот на владата на Бугарија на Скопје, како и претстојните активности во Софија.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски го поздрави воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакна подготвеноста на Република Македонија за негово интензивирање во наредниот период.

Во насока на зајакнување на дијалогот меѓу двете земји, двајцата претседатели разговараа и за можноста за скорешна официјална посета на претседателот Пендаровски на Софија, како и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво во претстојниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжува ли Христијан Пендиков да бега од…

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар…

Македонско сценарио во Бугарија: Дојави за бомби…

Нови закани за бомби денеска се примени…

И ова го има: Откриена подземна лабораторија…

Во близина на селото Асеновец во Бугарија,…

Паника во Бугарија: Десетици дојави за бомби…

Десетици училишта во Софија, Варна и Бургас…

(Документи)Македонската Православна Црква ќе се преименува, не…

Бидејќи се поделивме по сите основи, без…