Зеленски ги санкционира руските креатори на цртаниот филм „Маша и Медо“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ со кој се воведуваат санкции против руски поединци и организации вклучени во создавањето на анимираната серија „Маша и Медо“, која, според украинските власти, промовира руски наративи, објави „Киев индепентент“.
„Воведени се санкции против пет руски поединци и четири организации вклучени во создавањето и дистрибуцијата на анимираната серија „Маша и медо“, која промовира проруски наративи преправени како детска содржина и претставува закана за националната безбедност на Украина“, соопшти канцеларијата на Зеленски.
Санкциите се насочени против студиото „Анимакорд“, кое стои зад анимираната серија, како и против неговиот основач и извршен директор, сценарист, режисер и продуцент, еден од авторите на серијата кој уплаќа пари во рускиот буџет и сопственик на правата за цртаниот филм.
Во август 2025 година, каналот „Маша и Медо“ го зазеде првото место на листата на најпопуларни детски Јутјуб канали меѓу Украинците. Во октомври 2025 година, Националната полиција на Украина потврди дека цртаниот филм има врски со Русија и побара санкции против него.
Во 2017 година, Комисијата на Државната филмска агенција на Украина разгледа барање за забрана на цртаниот филм поради присуството на руски пропагандни наративи.
Во една епизода, главниот лик се појави носејќи шапка поврзана со НКВД, една од безбедносните служби на Советскиот Сојуз чии членови, меѓу другото, учествуваа во сузбивањето на антисоветските ослободителни движења.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…
Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…
Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…