Објавено на:

Зеленски утре ќе се обрати пред пратениците во албанскиот Парламент

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, утре преку видеопорака ќе се обрати пред албанските народни избраници.

За обраќањето на Зеленски е закажа посебна пленарна седница и даден е налог на службите да ги преземат сите неопходни мерки и активности.


Украинскиот претседател во изминатите недели со видео пораки се обрати во парламентите на повеќе европски земји.

Албанија, како сојузник во НАТО, застана на страната на Украина, осудувајќи ја руската агресија и наметна санкции кон Русија. Кај нашиот западен сосед до сега пристигнати се околу 400 украински бегалци, меѓу кои и поголема група млади атлетичари. На сите им е дадена привремена заштита, според целосните законски одредби за азил.

Со посебна одлука на Владата, украинските државјани имаат право да влезат и да останат една година во Албанија без дозвола за престој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама: Или прифатете го францускиот предлог или…

Албанија ја повика Македонија да го прифати…

Рама потврди: Дел од новото пристаниште во…

Албанскиот премиер Еди Рама потврди дека дел…

Се откажуваме и од Македонците во Албанија!…

Професорката Елка Јачева-Улчар на нејзиниот Фејсбук профил…

Одлуката за преговарачка рамка за Македонија и…

Албанската новинарка Ериса Зикај од Брисел изнесе…

Следната недела ќе се одржи првата меѓувладина…

Координаторот на пратеничката група на албанската владејачка…