Зеленски утре ќе се обрати пред пратениците во албанскиот Парламент
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, утре преку видеопорака ќе се обрати пред албанските народни избраници.
За обраќањето на Зеленски е закажа посебна пленарна седница и даден е налог на службите да ги преземат сите неопходни мерки и активности.
Украинскиот претседател во изминатите недели со видео пораки се обрати во парламентите на повеќе европски земји.
Албанија, како сојузник во НАТО, застана на страната на Украина, осудувајќи ја руската агресија и наметна санкции кон Русија. Кај нашиот западен сосед до сега пристигнати се околу 400 украински бегалци, меѓу кои и поголема група млади атлетичари. На сите им е дадена привремена заштита, според целосните законски одредби за азил.
Со посебна одлука на Владата, украинските државјани имаат право да влезат и да останат една година во Албанија без дозвола за престој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…
Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…
Рама најави построги казни за протестите во…
Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…
Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…