Злато и сребро за најмладите македонски кикбоксери во Унгарија
Најмладите македонски кикбоксери забележаа одличен настап на меѓународниот турнир „Hungarian Open Cup ’26“ за деца и помлади кадети, кој се одржа паралелно со Светскиот куп во Будимпешта. Нашите млади надежи се враќаат со два освоени медали, едно злато и едно сребро.
Највисоко на победничкиот подиум се искачи Митко Чавков, кој го освои златното одличје во категоријата до 42 килограми. Во истата тежинска категорија, забележителен резултат оствари и Александар Илиев, кој успеа да се закити со сребрениот медал.
Со учинок од два медали од вкупно четири настапи, македонските претставници покажаа исклучителен квалитет и борбеност. Овој успех на меѓународната сцена е уште една потврда дека младите таленти поседуваат голем потенцијал и дека иднината на македонскиот кикбокс е во сигурни раце.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Злато и сребро за најмладите македонски кикбоксери…
Најмладите македонски кикбоксери забележаа одличен настап на…
Четири златни и еден сребрен медал за…
Македонската кикбокс репрезентација го заврши настапот на…
Петмина македонски кикбоксери на Европското сениорско првенство
Во Атина денеска почнува натпреварувачкиот дел на…