Знамињата на земјите членки на НАТО на половина копје поради трагедијата во Турција
Знамињата во седиштето на НАТО се спуштени на половина копје во знак на солидарност со Турција поради катастрофалниот земјотрес во земјата.
Знамињата на 30-те сојузнички земји пред седиштето на НАТО во Брисел до утре вечер ќе бидат спуштени на половина копје, во знак на солидарност со Турција и турскиот народ.
Постојаното турско претставништво во НАТО соопшти дека им се заблагодарува на сојузниците за помошта што во понеделник почнаа да ја испраќаат во Турција.
Повеќе од 1.400 припадници на персонал за одговор при итни случаи од повеќе од дваесет сојузници и партнери на НАТО – вклучително и поканетите Финска и Шведска – се распоредуваат во Турција, помагајќи да се одговори на разорните земјотреси што ја погодија земјата на 6 февруари. Повеќе од 53.000 турски спасувачи кои први пристигнаа во моментов се на терен, соопшти Алијансата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
НАТО денеска ќе расправа за нарушувањето на…
Претставници на 32-те земји членки на НАТО…
Руте: НАТО ќе брани „секој сантиметар од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој…
Бугарија ѝ предаде на Турција двајца криминалци…
Бугарија ѝ предаде на Турција двајца мажи…
Руте: НАТО активираше борбени авиони поради инцидентот…
НАТО активираше борбени авиони како одговор на…