Објавено на:

Руте: НАТО ќе брани „секој сантиметар од полската територија“

t

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој во вторникот пристигна во Варшава, ден по падот на руски ракети во југоисточна Полска, вети дека Алијансата ќе брани „секој сантиметар од полската територија“, пренесуваат локалните медиуми.

Руте го коментираше инцидентот, во кој нема повредени или загинати, оценувајќи го како „опасен настан, кој несомнено е поврзан со ужасната руска војна против Украина“.

Тој потсети дека од петокот е во контакт и со полскиот премиер Доналд Туск и со претседателот Карол Навроцки, двајца лидери чии политички односи се многу сложени.

„Полска е силен сојузник. Имате одлични вооружени сили и сега мора точно да утврдиме што се случило“, изјави Руте за полските медиуми, меѓу кои и новинската агенција ПАП.

Тој додаде дека командантот на НАТО-силите во Европа, генералот Алексус Гринкевич, ќе направи сè што е во негова моќ за точно да утврди каде се слабостите во системот на одвраќање и одбрана на Алијансата, за да може, доколку е потребно, да се направат соодветни промени.

Полскиот премиер Доналд Туск во петокот најави дека ќе побара од НАТО да ги зајакне механизмите за надзор на полската територија, бидејќи Русија често изведува ракетни и беспилотни напади во западна Украина, во близина на полската граница.

Туск го опиша инцидентот како руска „провокација“, нагласувајќи дека три воздушни објекти, за кои се претпоставува дека биле две ракети и дрон, го нарушиле полскиот воздушен простор во време кога на територијата на Полска се одржувала воена вежба на Алијансата.

Истата оценка ја изнесе и американскиот Институт за проучување на војната (ISW), кој во соопштение наведе дека руските сили намерно испратиле ракети и дронови во полскиот воздушен простор, со цел нарушувањата да се совпаднат со воената вежба што се одржувала во Нова Демба, во Полска.

Според ISW, целта била да се попречи поддршката на коалицијата на земји подготвени да ѝ помогнат на Украина и да се тестира реакцијата на НАТО.

Во понеделник во Брисел ќе се одржи состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО, на кој ќе се разговара за нарушувањето на полскиот воздушен простор од руски ракети, објави ПАП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руте: НАТО ќе брани „секој сантиметар од…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој…

Руте: НАТО активираше борбени авиони поради инцидентот…

НАТО активираше борбени авиони како одговор на…

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…

Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…