Зошто Мицкоски не ги осуди постапките на својот коалиционен партнер Касами?

t

Зошто Мицкоски не го осуди однесувањето на неговиот коалиционен партнер Касами?

“Неофицијалната” посета на косовскиот премиер Албин Курти на Тетово предизвика лавина од реакции од граѓаните, но и од официјалните власти.

Самите настани беа скандалозни, на фотографиите и видеата кои беа објавени можеше да се забележат само албански знамиња и, она што најмногу ја разгневи јавноста, знаме на т.н “голема Албанија”, а секако изоставено беше и интонирањето на Македонската химна.

Организатор на овој свечен пречен на Курти е тетовскиот градоначалник Биљал Касами, кој на неговата официјална Фејсбук страна во текот на вчерашниот ден објави и промотивно видео од пречекот на Курти со паролата “Добредојдовте во Албанија”.

Осуда за ваквите настани стигна од кабинетот на премиерот Ковачевски, претседателот Пендаровски, Левица, ЛДП, СДСМ и останатите политички партии. Ковачевски го осуди веењето на знамето на “голема Албанија” и соопшти дека косовскиот амбасадор во Македонија е повикан да ја објасни ваквата “иконографија” на “неофицијалниот настан”.

Претседателот Пендаровски апелираше органите на прогонот да постапат согласно Уставот и Законите и да ги санкционираат организаторите на овој настан.

ЛДП реагираше со соопштение во кое наведоа дека национализмот води кон насилство и поделби, додека Левица и нивниот лидер Апасиев порачаа дека ова е кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата и рекоа дека доколку Левица била власт, Касами ќе бил во притвор, а Курти прогласен за непожелна личност во Македонија.

Она што е “зачудува” е молкот на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Мицкоски, кои од вчера до овој момент немаат објавено ниту соопштение, ниту имаа една од секојдневните прес-конференциии во врска со овој настан. Од ВМРО-ДПМНЕ нема осуда за ваквите настани, а интересно е и што СДСМ уште вчера ја упати јавноста одговорите за настаните во Тетово да ги бараат кај Мицкоски и неговиот коалиционен партнер Касами.

Јавноста се сеќава дека Мицкоски го поддржа Касами за време на локалните избори во Тетово, практично во вториот круг Касами победи со гласовите од Македонците до кои Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ апелираа да го поддржат, затоа што тие биле проевропска партија од опозицискиот албански блок која не користи националистичка реторика.

Мицкоски објавуваше и фотографии од состаноци со Касами, се сеќавате дека по барањето за прв премиер Албанец, Мицкоски за премиер го предлагаше и Африм Гаши, поранешен член на Беса, а потоа лидер на Алтернатива кој беше дел од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – БЕСА – Алтернатива.

Оттука, можеби реторички, се поставува прашањето: Зошто Мицкоски не ги осуди шовинистичките постапки на неговиот коалиционен партнер Биљал Касами? Дали Македонија и овојпат е жртва на меѓупартиските коалиции и лажниот патриотизам кој ѝ се продава на јавноста, додека во позадина Мицкоски договара коалиции со некои албански партии, а и останати негови “политички противници”?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Врховниот суд на Албанија ја потврди затворската…

Врховниот суд на Албанија во петокот ги…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Се пренасочува сообраќајот на патот Тетово –…

АМСМ информира дека регионалниот пат Тетово –…