Објавено на:

Албанија ја зајакнува соработката со САД на полето на безбедноста и одбраната

t

Албанија и САД продолжуваат да ја зајакнуваат соработката на полето на безбедноста и одбраната.

Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу на средба со вршителката на должност амбасадорка во американската амбасада во Тирана, Ненси Ван Хорн, потпиша меморандум за „именување советник за стратешко планирање во Министерството за одбрана”.

Во објава на Фејсбук,  Венгу додава  дека „тој ќе им се придружи на четворицата други американски советници кои секојдневно комуницираат со албанскиот цивилен и воен персонал, во модернизацијата, логистиката, персоналот и регрутирањето, како и сајбер безбедноста“.

– Проектите со повеќекратно стратешко влијание за земјата, како што се автономната поморска база Порто Романо, ревитализацијата на воената индустрија во земјата, како и политичките и финансиските определби кон НАТО, се во постојан фокус на нашето стратешко партнерство со САД, придонесувајќи во зајакнувањето на националната безбедност и регионалната стабилност, наведува  министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Катастрофа во Албанија: угинаа тони риби по…

Еколошка катастрофа се случи во градот Љушња…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…