„Албанија горда“, напиша Рама откако аеродромот во Тирана се најде на прво место во Европа
Неколку години по ред бројот на патници кои ја користат услугата на меѓународниот аеродром во Тирана е во постојан раст.- Ова го потврдуваат и најновите податоци објавени од Меѓународниот совет на аеродроми. Податоците од овој графикон покажуваат дека за периодот јануари-август 2024 година, во однос на истиот период од 2019 година, бројот на патници што го користеле аеродромот во Тирана е зголемен за 259,4 отсто. Албанија горда, напиша премиерот Еди Рама на Фејсбук.
Минатата година регистрирани биле 7,5 милиони патници, а за годинава се очекува бројка повисока од 10 милиони. Како што наведува Рама само во јули имало над 1,2 милиони патници.
Услугите на овој аеродром, од каде моментно може да се патува на повеќе од 100 дестинации, ги користат и се поголем број македонски, косовски и црногорски граѓани.
Според ранг листата на Меѓународниот совет на аеродроми овој во Тирана ги остава зад себе не само земјите од регионот со консолидиран туризам, туку и многу земји во Европа.
Хрватска забележала раст од само 18,2 отсто, Италија 14,7отсто Северна Македонија 19,6отсто и Србија 32отсто. Црна Гора претрпела намалување од 12,5отсто на бројот на патници преку аеродромот во Подгорица, додека Косово забележало значителен раст од 71,2 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…
Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…
Албанија: Земјотрес со јачина од 4,3 степени…
Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Европско-медитеранскиот сеизмолошки…
Реномиран шпански весник: Северна Европа се подготвува…
Иако нордискиот модел денес се соочува со…
Албанија и понатаму заостанува далеку зад ЕУ…
Албанија продолжува да заостанува далеку зад Европската…
Албанија: Потонат брод од Втората светска војна…
Италијанскиот болнички брод „Po“ од Втората светска…
