Зошто наместо функционална, имаме формална демократија?(3.) – Кога нема демократска политичка култура, има аномично општество
Денес ќе пишувам за главната причина за лошите состојби во македонскиот плурален систем и демократијата во него. Најконкретно ќе го посочам коренот на зболувањето на демократијата, т.е. ќе го скенирам “изместениот зглоб“ на македонската демократија. Тоа е несоодветната политичка култура на политичките актери во Македонија.
Се покажа дека во досегашните изборни циклуси политичката култура на учесниците во изборите, најчесто е на ниско ниво. Крајно време е тие да прифатат и применат политички вештини за настап на избори, засновани на научни теории, стратегии, тактики и техники, кои се сообразени со позитивната пракса на европската и светската демократија и традиција. Најконкретно треба да се примени вистински политички маркетинг за привлекување на избирачите и освојување на нивниот глас. Тоа е вистинскиот начин да се врати дигнитетот и суверенитетот на граѓанинот избирач, не само во формална и инструментална смисла, туку и во вистинска, суштинска смисла. На граѓаните треба да им биде овозможено слободно и без влијание од никого да го “троши“ својот глас. За таква слобода потребно е, граѓанинот од Република Македонија да не биде уценуван, загрозен и исплашен за своето учество или не на изборите, за што е потребно со него да не се постапува како поданик. Продолжуваме со последните три констатации(15, 16 и 17) во врска со предметната тема.
15.
Имаме статус кво на нецелосно отфрлената политичка култура од минатиот едноумен систем и докрај неизградената демократска политичка култура својствена на плуралистичките општества. Како да не стигна “проклетството“ на германскиот политолог и социолог Ралф Дарендорф дека “Земјите од Источна Европа ја променија власта за шест дена, законите за шест месеци, институциите за шест години, но за промена на начинот на размислување и однесување на нивните граѓани ќе им требаат шеесет години.“ Кај нас недоволно се респектираат демократските поими и институци од типот на изборен натпревар, плурализам, партиципација на граѓаните, демократски дијалог, демократски консензус, толеранција и разбирање, слобода на мисла и говор, слобода и независност на медиуми, почитување на човекови права и сл. Замислете ние сме само на половина пат до освојување и на тој посакуван идеал или потребна и неопходна демократска матрица. Сеуште не сме дефинирале дали сме општество во промени, општество во транзиција, постсоцијалистичко општество или демократско општество во зародиш (“во пелени“).
16.
Нашето демократско општество и до ден денес му недостасуваат следните детални проучувања:
- систематско проучување на структурните и институционалните аспекти на постојните политички партии;
- социјалните и политичките расцепи и интеракцијата помеѓу партискиот систем и гласачкото расположение;
- позиционите и ставовски димензии на партиите и на траекторијата на движење на граѓанската култура во Македонија; и
- аналитичка типологија и класификација на партиите кои го сочинуваат партиско-политичкиот спектар во Македонија.
- Прави (најчесто незаконски работи) и оправдувај го тоа што го правиш Fact et excusa,
- Доколку си направил престап, одрекувај го Si facisti nega,
- Раздели, па владеј Divide et impera
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Влен ја претвора „Бардовци“ во семеен…
Уште еден скандал излегува на површина под…
Проданоски: Ниту едно подрачно училиште во Прилеп…
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира…
Иран и Оман предлагаат привремен бродски коридор…
Оманскиот министер за надворешни работи Бадр бин…
Европската централна банка се подготвува за ново…
Европската централна банка се приближува кон ново…
Разрешениот украински министер за одбрана: Полека ја…
Се чини дека Украина полека ја губи…