Зошто фирмата на Роштиљ не е обвинета во „Плацеви на Водно“

t

Паричните средства со кои „Орка Холдинг“ АД Скопје го купува уделот на „Сирах Лимитед“ Белизе се обезбедени од сопствени средства на друштвото, односно, компанијата и коресподентски банки не побарале дополнителна анализа на овие трансакции бидејќи се работи за редовни трансакции на средства кои потекнуваат од законски извори – утврди стручниот наод на судскиот вештак кој се образложуваше на денешното рочиште „Плацеви на Водно“

Со образложението на судските вештаци ангажирани од страна на одбраната на Јордан Камчев се потврдува неоснованоста на обвинителниот акт, а со тоа и на целото дејствие кое им се наметнува на обвинетите.
Стручниот наод на судските вештаци од областа на економијата и градежништвото е образложен и од истиот се утврдува дека активностите се целосно основани и не постои никаков спорен момент во истите или нешто кое на било каков начин посочува на незаконски активности, финансиски криминал или друго незаконско финансиско дејствие со кое би можело да биде извршена штета на буџетот на Р.Македонија

Текот на активностите, продажбите на сите удели како и добивките од истите секогаш се уредно прокнижени и вклучени во даночните основици на компаниите за данок на добивка за соодветната година и на истите се пресметани и платени даноци согласно законски пропишани стапки.

Деловниот интерес за спорното земјиште е целосно опфатен во физибилити студија во врска со инвестициски проект кој било планирано да се реализира.

Откако општина Центар одбил да издаде дозвола за градба, иако земјиштето при купување се води како градежно, неизградено земјиште, се врши продажба на истото, а остварената добивка исто така е соодветно прокнижена и за истото е пресметано и платено данок на добивка.

Последниот договор помеѓу „Лајф Кеар Сентер“ и „Супертрејд“, во 2018 година каде „Лајф Кеар Сентер“ се јавува во својство на продавач, а „Супертрејд“ во својство на купувач врз основ на кој е издадена и платена фактура, данокот на додадена вредност од фактурата е пријавен во Управата за јавни приходи во законски предвиден рок со даночна пријава за ДДВ за конкретниот период, а на деловните односи кои се утврдени со тој договор извршена е и надворешна контрола од страна на Управата за јавни приходи РД Скопје за што е составен Записник во кој е констатирано правилно и законито пресметан ДДВ, уредно пријавен во УЈП , во законски рок.

Оттука и логично се поставува прашањето, зошто „Супертрејд“ не е дел од обвинителниот акт на Стефанова?

Со овие стручни наоди на вештаците, исто како и на вчерашното рочиште се потврдува неоснованоста на Обвинителниот акт, а повеќе од јасна станува и причината зошто обвинителот, застапник на случајот Лиле Стефанова која покренува обвинение под сомнение за финансиски криминал, односно, незаконито финансиско дејствие – перење пари, досега нема нарачано финансиско вештање за да го докаже истото.

Дали некој ќе ја сноси одговорноста за покренувањето на овој неоснован обвинителен акт кој во друг правосуден систем би било срамно да постои без докази, а со тоа и одговорноста за сите судски „манифестации“ кои нарачано ги спроведуваше Обвинителката?, прашуваат од одбраната на Камчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре делумна забрана во парк-шумата „Водно“…

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од…

Град Скопје: Успешно реализирана “генералката” за чистење…

Над 200 волонтери успешно ја спроведоа големата…

“Генералка викенд” – Градот Скопје се приклучува…

„Генералка викенд“ за поубаво и почисто Водно…

Огромна заинтересираност за користење на жичницата на…

Изминатата недела 3.323 граѓани ја користеле жичницата…

Арсовска: Инициравме Закон за заштита на Водно

Во гостување во емисијата Заспиј ако можеш…