Иванов на еко самит во Турција

t

Поранешниот претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов учествуваше на Еко-климатски самит во организација на Стопанската комора на Анкара кој се одржа во Анкара во периодот 30-31 март 2022 година.

Во фокусот на Еко-климатскиот самит беа климатските промени кои влијаат на нашата природа и на нашите економии, а Стопанската комора на Анкара го организираше настанот со цел да се крене вниманието за постигнување на заеднички стратегии за борба против климатските промени како една од најголемите закани со која се соочува светот и човештвото. На самитот учествуваа поранешни претседатели и премиери, министри, политичари, амбасадори, претставници на меѓународни организации, претставници на стопански комори, професори, бизнисмени и др.

Претседателот Иванов во обраќањето на свеченото отворање на Еко-климатскиот самит нагласи дека повеќето истражувачи, научници и филозофи се согласни со фактот дека, ако не преземеме нешто веднаш, ќе има уште повеќе суши, глад, раселени лица, а тоа ќе предизвика уште повеќе конфликти во наредните децении.

Тој рече дека веќе три децении светските лидери одржуваат самити за климатски промени за да видат што можат да направат во врска со овие проблеми. Владите преземаат обврски, се обидуваат да одговорат на климатските промени. Но, покрај обврските на властите, постојат обврски и за сите поединци и дека секој поединец треба да тргне од себе. Претседателот Иванов потенцираше дека треба да се надеваме дека се уште имаме време да ги избегнеме најлошите последици од климатските промени.

Во овој момент најнеопходно ни е да имаме доволно мудрост и волја барем да ги запреме штетните последици и да не продолжуваме да се движиме кон пропаст на нашата планета и на нашата цивилизација.

Во текот на посетата претседателот Иванов оствари средби со Градоначалникот на Анкара, Претседателот на Унијата на турските комори и стокови берзи – ТОББ, Претседателот на Турската агенција за соработка и развој – ТИКА, Претседателот на Стопанската комора на Анкара, поранешни претседатели и со други учесници на самитот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГОЛЕМИТЕ СИЛИ СЕ СОБИРААТ ВО ЊУЈОРК: ВОЈНИТЕ…

Њујорк оваа недела станува центар на глобалната…

Левица го освои Берлин, кој првпат може…

Победата на крајнолевичарската партија Левица на вчерашните…

Личните документи ќе ги имаме на мобилен…

Мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), е национална дигитална…

ТРАМП: Голем број руски рафинерии се надвор…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика на…

Европа подготвува црвена линија кон Москва: Што…

Европските министри за надворешни работи ќе се…