Известување од ЦУК: Активни пожари во Струмица, Чашка и во атарот на Миладиновци

t

РЦУК Струмица известува за шумски пожар помеѓу с.Владиевци и с.Трибичино.Гори нискостеблеста мешовита шума на непристапен терен каде и движењето е отежнато.На терен се 4 шумарочувачи од ПШС Беласица Струмица и 1 пожарникар од ТППЕ Струмица со теренско возило Лада Нива. Пожарот започнал во 13.30 часот.

Известување од РЦУК Скопје во редовната информација во 18.47 часот.

Опожарена сува трева и нискостеблеста шума во атарот на с. Миладиновци. БППЗ интервенира во моментот со 3 пп возила и 8 пожарникари. Пожарот е од 14,45часот. Пожарот се уште е активен

Пожар на отворен простор помеѓу селата Голзинци и Лисиче-општина Чашка.

По извршениот увид од страна на ШС Бабуна, пожарот зафаќа поголема површина, а и со оглед на временските услови, односно појава на ветер, да не дојде до уште поголемо проширување побарано е ангажирање на дополнителни ресурси. На пат упатени се екипи на ЈКП Тополка-општина Чашка и екипа на ТППЕ Велес (5 пожарникари со 1 ПП возило.)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неколку тешки пожари избувнаа во Македонија

Пред малку тешки пожари избувнаа на територијата…

ЦУК: До 7:30 часот регистрирани 23 пожари,…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

ЦУК: 20 пожари на отворено, еден сè…

Вкупно 20 пожари на отворен простор се…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

ЦУК: Регистрирани 22 пожари на отворен простор,…

Вкупно 22 пожари на отворен простор се…