ЦУК: Интелигентните камери навреме алармирале за пожарот кај Никуштак
Интелигентните камери на Центарот за управување со кризи навреме детектирале пожар на територијата на селото Никуштак, во Општина Липково, информираат од ЦУК.
По алармот, веднаш биле известени Територијалната противпожарна единица во Куманово и „Национални шуми“ – Куманово, за интервенција на терен.
Од ЦУК велат дека системот овозможува следење на пожарот во реално време и помага во координацијата на ресурсите, како и во утврдувањето на правецот на ширење на пожарот сè до неговото локализирање и гаснење.
„Преку системот за рано детектирање шумски пожари со интелигентни камери, инсталиран во Центарот за управување со кризи, навреме е детектиран пожар на територијата на село Никуштак, Општина Липково. По детектирањето на пожарот, веднаш биле известени Територијалната противпожарна единица во Куманово и Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Куманово, со цел преземање соодветни мерки и интервенција на терен. Системот за рано детектирање им овозможува на операторите во Секторот за операции и координација при ЦУК да ја контролираат и насочуваат камерата, со што состојбата со пожарот може континуирано да се следи визуелно и во реално време. На тој начин, паралелно со следењето на пожарот, се овозможува и навремена координација и насочување на расположливите ресурси на терен, како и утврдување на правецот на ширење на пожарот, сè до неговото целосно локализирање и гаснење“, напиша директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот
Центарот за управување со кризи информира дека…
ЦУК: Активни два пожари на отворен простор,…
Од вкупно 11 пожари на отворен простор…
Нема активни пожари во Македонија
До 13 часот денеска регистриран е еден…
Регистрирани 26 пожари на отворено, шест сѐ…
Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно…
(Видео) Страшни слики во Албанија: Пожар уништи…
Голем шумски пожар синоќа избувнал на територијата…