Инфлацијата во јули ќе биде едноцифрена, вели Битиќи

t

Расправата за инфлацијата ја започнавме во март минатата година кога беше околу 7% и се случи да е вистината мојата изјава дека ќе имаме инфлаторна спирала и во октомври дојдовме до 19,8%, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во Телма телевизија. Тој додаде дека следувал заеднички одговор на монетарната и фискалната политика.

-Потоа Народната банка и водењето на монетарната политика од нивната страна и фискалната политика од наша страна имаа резултат. Веќе во јули спред анализите ќе имаме едноцифрена стапка на инфлација, како последица на е кохерентноста во носењето на одлуки, рече Битиќи.

Тој кажа дека дебатата за монетарната политика и нејзините мерки се водат моментално и во САД и дека водењето монетарната политика може до одреден степен да доведе до забавување на економскиот раст.

-Во месец октомври, ноември , декември имавме до 700 евра за час мегават електрична енергија. Тогаш немавме мерки за замрзнување на цени, намалување на маржи, но следуваше одговорот. Утре Државниот завод за статистика треба да излезе со податокот за инфлацијата и верувам дека таа ќе биде намалена, но можеби некој ќе ја препише на новите мерки, кажа Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфлацијата во Германија се намали за дополнителни…

Инфлацијата во Германија дополнително се намали во…

Во Албанија инфлацијата во февруари 2,6 отсто…

-Растот на цените во февруари се ублажи…

Инфлацијата се намали, мерките дадоа резултат, велат…

Мерките и политиките на СДСМ во насока…

Битиќи: Најниска инфлација од јуни 2021 година

„Инфлацијата се намали на 3 проценти“, објави…

ММФ: Постепено намалување на инфлација

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) даде високи оценки…