Инфлацијата галопира: Експертите препорачуваат сеиозно “затегање на ременот”

t

Сериозно затегање на ременот како одговор на галопирачкиот раст на цените, порачуваат дел од експертите откако вчера Статистика потврди рекордна двоцифрена стапка на инфлација од 10,5 %.

Речиси и да нема производи кај кои нема раст на цените. Експертската јавност алармира дека е потребна брза реакција како од Нарондата банка, така и од министерството за финансии. Подигнување на каматните стапки, но и владини мерки кои ќе го раздвижат економскиот раст.

Синдикатите пресметале дека за да го помине месецот на едно четричлено семејство во април му требале 38 104 денари, или над 1 300 денари за само еден месец. Растот на минималната синдикална кошница за една година е над 4 илјади денари.

Очекувањата се дека цените и понатаму ќе продолжат да растат и на глобално ниво. Светските организации веќе години наназад алармираат дека храна ќе има се помалку. Речиси сите европски држави забележуваат двоцифрена стапка на инфлација, каква немало во последните 10 до 20 години.

Извор: Канал 5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Македонија бележи двојно повисока инфлација во…

Македонија бележи двојно повисока инфлација во споредба…

Хрватска со најголема инфлација во еврозоната

Годишната стапка на инфлација во Хрватска мерена…

Словенија со рекордно ниво на инфлација во…

Инфлацијата во Словенија во декември достигна 1,9…

Инфлација од 4.3% во споредба со лани!

Државниот завод за статистика го потврди она…

Инфлацијата во еврозоната ослабела на 1,8 отсто

Инфлацијата во еврозоната ослабела на 1,8 отсто…