Иранската војска ги предупреди САД: Новата војна би зафатила значително поширок регион
Портпаролот на иранската војска, бригадниот генерал Мохамед Акрамнија, ги предупреди САД дека евентуалното обновување на воените операции против Иран би предизвикало нова војна, која би се проширила на значително поголем регион.
„Имајќи ја предвид мрачната историја на американскиот претседател кога станува збор за предавство на дипломатијата, војската на Исламската Република Иран продолжува да ја унапредува својата борбена подготвеност, не верувајќи му на непријателот и не дозволувајќи неговите потези да ја одвратат“, напиша Акрамнија на платформата X.
Тој истакна дека иранската војска внимателно ги следи движењата на американските сили во регионот, пренесува иранската новинска агенција ИРНА.
Обраќајќи му се директно на американскиот претседател Доналд Трамп, Акрамнија предупреди дека доколку тој повторно преземе, како што наведе, „авантуристички потег“ во регионот, под притисок и поттикнување од Израел, последиците би можеле да бидат многу пошироки.
„Пламенот на војната несомнено би зафатил многу пошироко географско подрачје“, предупреди иранскиот воен претставник, додавајќи дека во таков случај Трамп нема да биде тој што ќе одлучува како ќе заврши војната.
Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно изјави дека Трамп сè уште нема донесено одлука дали ќе ги обнови воените операции против Иран, пренесуваат медиумите.
Рубио на прес-конференција рече дека не знае дали постои конкретен рок за преговорите што ги посредува Катар, а чија цел е прекинување на непријателствата меѓу САД и Иран.
Дипломатските напори продолжуваат во услови на зголемени тензии во регионот, додека Вашингтон и Техеран сè уште не постигнале договор за завршување на конфликтот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иранската војска ги предупреди САД: Новата војна…
Портпаролот на иранската војска, бригадниот генерал Мохамед…
Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…
Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…
САД бараат од балтичките сојузници да не…
Официјални лица од Пентагон во последните недели…
Трамп прогласи вонредна состојба поради безбедносни ризици…
Американскиот претседател Доналд Трамп на 26 август…
НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ ВО САД: Пожар и пријавено…
Пожар избувнал во Националната лабораторија „Савана Ривер“…