Иранскиот претседател пристигна во Москва
Ебрахим Раиси треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговара за билатералните односи и други прашања.
Иранскиот претседател Ебрахим Раиси и неговата делегација допатуваа во Москва каде во четврток треба да разговараат со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за голем број клучни прашања.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков најави дека преговорите меѓу Путин и Раиси прво ќе се одвиваат во ограничен формат, а потоа ќе следат руско-ирански преговори на работен ручек.
Песков истакна дека двајцата претседатели не планираат да дадат никакви изјави за медиумите по завршувањето на разговорите. Кремљ, исто така, објави дека двете страни ќе разговараат за билатералната соработка, како и за прашања од транспортот, енергетиката, заедничките проекти меѓу Русија и Иран во трговската и економската сфера и ќе разменат мислења за главните меѓународни и регионални теми.
Иранската новинска агенција Тасним изјави дека двајцата лидери ќе разговараат за прашања како што е ситуацијата на Блискиот Исток, особено тековниот конфликт меѓу Израел и Палестина и кршењето на човековите права во Газа.
Состанокот на Путин со Раиси доаѓа откако рускиот претседател во средата отпатува на Блискиот Исток за да разговара со лидерите на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати во нивните земји.
Според Кремљ, во разговорите со блискоисточните лидери, Путин се фокусирал на билатералната соработка, цените на нафтата, конфликтот во Украина, ситуацијата во Газа, како и други неодложни меѓународни и регионални прашања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…
Норвешка подготвува штит против дронови на границата…
Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…
Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…
Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…
(Видео) ИРАНСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕВИЗИЈА ЕМИТУВАШЕ УПАТСТВА ЗА…
Иранската државна телевизија и медиумите во земјата…
Иран пак се заканува со напади врз…
Корпусот на гардата на Исламската револуција (КСИР)…