Русија тврди дека погодила товарен брод со воена опрема за Украина, украински дронови нападнале цели во Ростовската област
Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите сили погодиле товарен брод во Црното Море, кој, според Москва, превезувал воена опрема за Украина. Според соопштението на Министерството, кое го пренесува Ројтерс, нападот бил насочен кон прекинување на синџирот на снабдување на украинската армија.
Во меѓувреме, неколку руски региони биле изложени на масовни напади. Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, соопшти дека во украински напади со дронови избувнале пожари во четири индустриски објекти во градот Азов. Според него, во нападите биле повредени три лица.
Остатоци од соборени беспилотни летала оштетиле и три куќи, како и гасовод во селото Рогалик, во истата област, додаде гувернерот.
Руското Министерство за одбрана соопшти и дека во текот на изминатата ноќ противвоздушната одбрана соборила вкупно 136 украински дронови над територијата на Русија, како и над водите на Азовското и Црното Море.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија тврди дека погодила товарен брод со…
Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите…
Русија го повтори барањето НАТО да се…
Русија повторно бара НАТО да ги повлече…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…
Мерц откри кој би можеч да ја…
Пет земји би можеле да ја претставуваат…