Иран со жестока закана до САД: Ќе ја уништиме целата инфраструктура во регионот
Тензиите меѓу Иран и САД повторно се заоструваат, откако Техеран упати ново остро предупредување дека ќе одговори со силни напади доколку американските сили ја погодат иранската инфраструктура.
Портпаролот на иранската Централна команда „Хатам ал-Анбија“, Ебрахим Золфагари, изјави дека секој напад врз Иран ќе биде проследен со уништување на „преостанатата инфраструктура во регионот“.
„Ако ја уништите нашата инфраструктура, ние ќе ја уништиме целата преостаната инфраструктура во регионот“, порача Золфагари, пренесе иранската новинска агенција Фарс.
Тој нагласи дека Иран нема да дозволи САД, како „странска и вонрегионална држава“, да се вмешаат во случувањата во Ормутскиот теснец, оценувајќи дека тоа претставува непреминлива „црвена линија“ за Техеран.
Според него, евентуалниот ирански одговор нема да биде пропорционален, туку значително посилен.
„Нашиот одговор нема да биде еднаков удар, туку супериорен. Секоја одмазда ќе биде поостра, поширока и поразорна од кога било досега“, изјави Золфагари.
Острите пораки доаѓаат во период на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран околу безбедноста во Ормутскиот теснец. И покрај меморандумот за разбирање, со посредство на Пакистан, кој требаше да придонесе за смирување на конфликтот и отворање пат кон траен мировен договор, односите меѓу двете земји остануваат исклучително напнати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран со жестока закана до САД: Ќе…
Тензиите меѓу Иран и САД повторно се…
Ослободителна пресуда за Латас, обвинителот се откажал…
Пропадна и случајот ,,Тотал” во кој беше…
Традиционален Илинденски марш: околу 40 коњаници ќе…
Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат…
Бугарија од „најпослушен сојузник“ до слуги на…
Во последните неколку години, Бугарија важеше за…
Мерц: И натаму стојам зад предлогот за…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, денеска изјави дека…