Традиционален Илинденски марш: околу 40 коњаници ќе тргнат од Горно Лисиче кон Крушево

t

Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“.

На 27 јули (понеделник), со почеток во 18:00 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, ќе тргнат кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои, соопшти општината.

На 31 јули, коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство.

„Општина Аеродром упатува покана до сите граѓани да бидат дел од свеченото испраќање и заедно да им оддадеме почит на илинденците, чија жртва и идеали и денес претставуваат симбол на слободата, единството и државноста на Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски на завршниот митинг во Брвеница: Филипче…

Изборите во Брвеница се и порака за…

Северна Кореја тестираше нов торпедо опремен со…

Северна Кореја успешно тестираше подводен систем со…

(Видео) Супертанкер со повеќе од два милиони…

Силна експлозија и голем пожар зафатиле супертанкер…

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Еротеј

Другар на Св. Дионисиј Ареопагит. Верата ја…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува…