Објавено на:

Иран тврди дека сè уште ја контролира ситуацијата во Ормускиот Теснец

t

Иран ја задржува иницијативата во Ормускиот теснец, и покрај тврдењата на САД во врска со непречениот проток на нафта низ тој стратешки воден пат, изјави бригадниот генерал Аболфазл Шекарчи, портпарол на иранските вооружени сили. Шекарчи ги отфрли како „лажни и смешни“ тврдењата на командантот на Централната команда на САД, адмирал Бред Купер – пренесени од „Прес ТВ“ – дека американските сили го олесниле транспортот на над една милијарда барели нафта низ Ормускиот теснец и заштитиле повеќе од 2.000 трговски бродови во текот на изминатите два месеца.

Тој ги окарактеризира изјавите на американскиот командант како неуспешна психолошка операција, а не како одраз на реалната ситуација, истакнувајќи дека нивната цел била да се подигне моралот на американските сили во регионот и да се оправдаат значителните финансиски и човечки трошоци што ги имаат САД.

„Иницијативата во Ормускиот теснец останува во рацете на моќните ирански вооружени сили“, рече Шекарчи, додавајќи дека таквите тврдења нема да ја променат реалноста – како што се изрази тој – за американското воено повлекување од регионот.

Купер на платформата „Икс“ (X) изјави дека американските сили го олесниле минувањето на повеќе од една милијарда барели нафта низ Ормускиот теснец и заштитиле над 2.000 комерцијални бродови во последните два месеца. Тој додаде дека главните пловни патишта биле исчистени од мини, со што се овозможило минување на илјадници бродови. Иран и Оман преговараат за привремен аранжман за управување со поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец, по пропаѓањето во јуни на меморандумот за разбирање меѓу Вашингтон и Техеран, чија цел беше ставање крај на војната што започна во февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран тврди дека сè уште ја контролира…

Иран ја задржува иницијативата во Ормускиот теснец,…

Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се…

Стоици илјади Иранци денеска учествуваа на владиниот…

Пекинг му одговори на Вашингтон: Не прифаќаме…

Кина остро реагираше на новите американски мерки…

Мицкоски од САД: Ги исполнуваме обврските од…

Ние испорачуваме и го правиме тоа што…

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави…

Ние испорачуваме и го правиме тоа што…