Мицкоски од САД: Ги исполнуваме обврските од 3,5 отсто за НАТО
Ние испорачуваме и го правиме тоа што го зборуваме. Кога кажуваме и ветуваме нешто, се обидуваме да го исполниме. Го правиме тоа што го зборуваме – и во животот и во политиката, вистинската политика. Не треба да импровизирате. Подобро е да молчите отколку да импровизирате и да кажете нешто што не сте во можност да го испорачате. Така што, сè она што го кажуваме и зборуваме – го правиме. Имаме план. Сега сме меѓу земјите во НАТО и сојузниците во НАТО кои ги исполнуваат своите обврски и цели, достигнувајќи 3,5 отсто до 2035 година за воени расходи и како надополнување на тоа, 1,5 проценти инвестиции во стратешката инфраструктура – што значи автопати, железници, водови за пренос на енергија, што се сметаше за вид тесно грло на нашиот континент. Затоа, мора гордо да кажам дека, да, посветени сме, имаме план и го следиме тој план, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Атлантскиот совет.
Денешниот разговор е дел од иницијативата „Балканот напред“ на Центарот за Европа, која работи на одржување на Западен Балкан на надворешнополитичката агенда во Вашингтон и на олеснување на дијалогот и анализите за најгорливите прашања со кои се соочува регионот.
Премиерот Мицкоски со владина делегација е во посета на Соединетите Американски Држави (САД). Предвидено е да има средби во Сенатот, Конгресот и Стејт департментот, со претставници на финансиската институција DFC, со државници и со влијателни тинк-тенк организации. Мицкоски престојува во Вашингтон, но ќе учествува и на годинешното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп нуди награда од милион долари за…
Американскиот претседател Доналд Трамп нуди награда од…
САД подготвени за голем напад врз Иран…
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) и американските…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
Трамп: Морам да го запрам убивањето на…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора…
САД ги повлекува дипломатите и членовите на…
Соединетите Американски Држави забрзано преместуваат дел од…