Исплатени 298 милиони денари дополнителни субвенции за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информираа земјоделците дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети.
Кон околу 4.030 производители на градинарски култури исплатена е финансиска поддршка од близу 298 милиони евра.
Како корисници на оваа поддршка се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и кои оствареното производство го имаат предадено во преработувачки капацитет во период од 26 декември 2022 година – 25 декември 2023 година.
Висината на финансиската поддршка, пак по корисник, изнесува 3 денари за сите градинарски култури, освен за пиперката од сорта куртовска капија каде висината на финансислата поддршка изнесува 5 денари за предадените колични во период мај – јуни 2023 година и ноември – декември 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…
Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…
Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…