Испораката на нафта од Персискиот Залив се преполови
Испораките на нафта од земјите од Персискиот Залив се преполовија.
Во април од земјите од Персискиот Залив е испорачана 57 проценти помалку нафта отколку пред почетокот на американско-израелската воена операција против Иран, објави една од најголемите инвестициски банки во светот, Голдман Сакс.
Производството на нафта во тој регион овој месец беше во просек помало за 14,5 милиони барели дневно, а Голдман Сакс верува дека по обновувањето на пловидбата низ Ормутскиот теснец, ќе бидат потребни месеци производството да се врати на нивото од пред конфликтот, пренесува Данас, повикувајќи се на Тасс.
Глобалниот пазар на нафта е под зголемен притисок поради ситуацијата на Блискиот Исток, поради што цената на барел референтна сурова нафта од типот Брент порасна петти ден по ред, со неделен раст од 17 проценти.
Во четврток, цената на фјучерсите за нафта од типот Брент за испорака во јуни на Лондонската берза надмина 107 долари за барел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Испораката на нафта од Персискиот Залив се…
Испораките на нафта од земјите од Персискиот…
Трамп се закани со царини на една…
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп се закани дека…
Македонски државјанин изнајмил стан во Валона и…
Албанската полиција во приморскиот град Валона, уапсила…
Фидан: Турција би учествувала во операциите за…
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан…
Доколку Албанија продолжи во оваа насока, можно…
Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта…