Доколку Албанија продолжи во оваа насока, можно е да стане членка на Европската Унија до 2030 година – вели Кос
Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, во изјава за телевизијата Клан њуз, ја оцени Албанија како една од водечките земји во процесот на евроинтеграција, нагласувајќи дека во текот на нејзиниот мандат максимално ќе се бори земјите кандидатки да го остварат својот пат кон полноправно членство во Унијата.
Еврокомесарката изрази оптимизам за следните конкретни чекори на Тирана во преговарачкиот процес.
„Се надеваме дека во мај ќе можеме да ги усвоиме сите привремени стандарди за владеење на правото, а потоа да започнеме со затворање на поглавјата. Неверојатно е тоа што го направи Албанија во последните години, со отворањето на сите поглавја“, рече Кос.
Таа потврди дека Албанија се наоѓа на вистинскиот пат кон ЕУ, упатувајќи високи оценки за решителноста на политичкото раководство на земјата и за континуираната висока поддршка од албанските граѓани, а на прашањето дали е реално земјата да стане дел од европското семејство до 2030 година, таа рече дека доколку Албанија продолжи во оваа насока, членството е можно. Таа појасни и дека Европската комисија не е таа што лицитира или одредува фиксни датуми, туку нејзината улога е да ги поддржува реалните визии и реформски напори на земјите кандидатки.
Кос ја потврди својата посветеност кон целиот пакет на проширување, кој го опфаќа поширокиот регион.
„Додека сум комесар за проширување, ќе се борам за оние земји што ги сметам за мои кандидати да станат полноправни членки на ЕУ. Имам десет земји кандидатки како дел од мојот мандат“, заклучи таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…
Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…
Андоновски: Дата-центарот ќе се гради догодина, во…
Изградбата на националниот дата-центар би можела да…
Британската разузнавачка агенција не знае каде се…
Британската разузнавачка агенција GCHQ не може да…
Мицкоски со повик до граѓаните: Пријавете корупција,…
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва ги повика граѓаните…
Петков и Јотова ќе се судат за…
Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата…