Исчезнал кабел од 15.000 евра, потрошени 50.000 евра за едночасовна прослава: Директорката на ИЈЗ објави нови сомнежи за злоупотреби

t

Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) биле утврдени бројни неправилности во финансиското и материјалното работење, меѓу кои исчезнат мрежен кабел за интернет во вредност од 15.000 евра, неевидентирана ИТ-опрема и договори за телекомуникациски услуги склучени во двојно повисоки износи од предвидените, информира директорката на Институтот, Марија Андоновска.

Според неа, актуелното раководство при увидот во работењето констатирало дека за дел од набавените компјутери, лаптопи и мобилни телефони не постојат реверси или документи од кои може да се утврди каде завршиле.

„Во однос на мрежниот кабел од 15.000 евра, ниту знаеме каде е, ниту што е, ниту зошто е набавен“, изјави Андоновска.

Таа посочи и на договор за мобилни телекомуникациски услуги во износ од 1,6 милиони денари, иако биле предвидени 800.000 денари, како и договор за фиксна телефонија од 1,1 милион денари наместо планираните 550.000 денари.

Дополнително, според директорката, за одбележувањето на 100-годишнината од постоењето на Институтот биле потрошени околу 50.000 евра за настан кој траел еден час.

Андоновска тврди дека биле исплаќани и незаконски додатоци на плата, награди и приправности, како и средства за репрезентација во високи износи. Според неа, по воведувањето на нови правила, Институтот сега заштедува околу пет милиони денари месечно.

Таа нагласи дека на барање на самата институција била спроведена ревизија од Државниот завод за ревизија, кој неодамна изрази неповолно мислење за финансиските извештаи и работењето на ИЈЗ за 2024 година.

Од Институтот најавија дека утре ќе бидат презентирани дополнителни детали за констатираните неправилности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исчезнал кабел од 15.000 евра, потрошени 50.000…

Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) биле…

Ревизијата во ИЈЗ покажува целосен хаос: Проблеми…

Ревизорите утврдиле низа слабости во финансиските извештаи…

ИЈЗ: Низок ризик од хантавирус во Македонија

Директорката на Институтот за јавно здравје, д-р…

ДЗР: Агенцијата за катастар се стекнала со…

Агенцијата за катастар на недвижности не евидентирала…

ДЗР: Сериозни неправилности во работењето на ДИК…

Државниот завод за ревизија утврдил сериозни пропусти…